Подготовка:

1. Активирајте го квасецот во топлата вода, додавајќи една лажица брашно и шеќерот.

2. Откако ќе запени, додадете го маслото, дел од брашното, па солта и блендираниот спанаќ и потоа постепено додадете го остатокот од брашното. Користете плус/минус од наведеното количество за да добиете меко, но нелепливо тесто. Оставете го покриено на топло да нарасне.

3. Од тестото земајте мали парчиња кои ќе ги оформите во топчиња. Секое топче расукајте го со сукало, засечете на едната страна, а на другата ставете парче сирење и завиткајте кифла.

4. Наредените кифли во плехот, премачкајте ги со разматено јајце и поросете ги со сусам и печете ги на 200С во загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови