Се замесува меко тесто од дадените состојки и веднаш се дели на 4 дела. Секој дел посебно се дели на 4 топчиња. Секое топче се расукува во мала коричка која се премачкува со омекнат маргарин и се редат 4 корички една врз друга, а последната останува немачкана. Треба да добиете 4 купчиња со корички.
Се зема едно купче и се расукува во голема кора која де расекува на 16 триаголници,на секој триаголник се става од претходно подготвениот фил и се мотат кифлички.
Кифличките се редат во плех на хартија. Истото се повторува со другите купчиња. Направените кифлички се оставаат да стасат 2 часа во тепсиите.Кога ќе поминат 2 часа се премачкуваат со јајце разматено со малку млеко и се посипуваат со сусам. Почнуваме со печење од првата направена тепсија. Се печат на 200 околу 25-30 минути да добијат убава боја.
Најмеките кифлички што ги имам пробано дефинитивно,може да се полнат со фил по ваша желба. Пробајте нема да згрешите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани