Карпачо од октопод
Карпачо од октопод - јадење направено од сварен октопод, испресиран во цилиндрична форма и исечен на многу тенки парчина. Се служи како ладно предјадење или салата. За да е добиеме таа цилиндрична форма во домашната кујна се користи пластично шише.
Во тенџере се става вода, заленчукот, зачините и се оставаат да зовријат. Откако ќе зовријат се додава октоподот, се покрива со капак и на среден оган се вари околу 50-60 мин да омекне.
Сварениот октопод се вади од водата и се остава малку да излади.
Во меѓувреме шишето се сече малку повеќе од половината и дното се дупчи на 3-4 места со помош на ножици за да излегува течноста што ќе ја пушти октоподот.
Октоподот се сече на 4-5 парчина и се ставаат во шишето. Со помош на тегла или стаклено шише што ќе одговара на отворот на пластичното шише силно се притиска убаво да се набие. Теглата наполнете ја со вода и така над октоподот се остава во фрижидер 12-20 часа да се стегне.
Потоа шишето се сече и се вади октоподот. На даска со остар нож или со помош на машина се сечат парчина од 2-3 мм се редат на поголема чинија и се зачинува со маслото, солта, лимонот кој претходно се мешаат, лукот и магдоносот. Зачините може да се стават и по вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Koga mi se pojavi slikata na FB si rekov, samo tvoj mozi da e ovoj recept!!
Za praznicite voprvata prilika ke go napravam...
Eve kako jas go posluziv na moite gosti
Fala ti! :)
Fala ti i tebe sto go proba :)