Видео рецепт: Октопод во црвено вино
Октоподот може да се готви на неколку начини, на скара кога сте на летниот одмор или исечен на тенки ленти и сервиран како Карпачо, но ние ќе го подготвиме како чорба со црвено вино – јадење идеално за постудените денови.
Состојки
- 1,5 кромид
- 6 чешниња лук
- 1 октопод со средна големина
- 100мл. црвено вино
- 3 супени лажици вински оцет
- ½ конзерва домати
- Магдонос за гарнир
Ќе ви треба и:
- Масло за пржење, сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за пржење.
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на октоподот ги отстрануваме пипалата и ги сечкаме на парчиња. За овој рецепт ќе ги користиме само пипалата, но може да се зготви речиси секој дел од октоподот, вклучувајќи ги и очите!
Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Исечкајте го кромидот и излупете ги чешнињата лук. И подготвени сте да почнете со готвењето.
Чекор 3: Ги пропржуваме лукот и кромидот во маслиново масло и зачинуваме со сол и бибер – потоа го додаваме октоподот и пржиме кратко пред да ги додадеме доматите, црвеното вино и винскиот оцет. Ја покриваме тавата со капак и готвиме 25 минути додека сосот да се намали и да се згусне.
Чекор 4: Послужете го во длабока чинија со бел леб и декорирајте со малку магдонос.
СОВЕТ: Октоподот се смета за вистинска гозба првенствено поради неговата цена, но постојат одлични рецепти за подготовка на овој морски специјалитет. За дополнителен вкус, додадете малку оригано и ловоров лист.
меѓу другото, ми рекоа исто така дека најубаво месо од октопод се добива ако октоподот е тепан од тврда површина. Е, сега не се сеќавам дали тоа важеше откако ќе се улови и на тој начин се умртвува, или пак така требаше пред спремање. Ама знам дека јас можеби никогаш нема да спремам вакво нешто. Само ете, се пофалив на сликата која воопшто не е солидна, дека сум пробала такво животинче :)))