Испечати

Видео рецепт: Октопод во црвено вино

Видео рецепт: Октопод во црвено вино

Октоподот може да се готви на неколку начини, на скара кога сте на летниот одмор или исечен на тенки ленти и сервиран како Карпачо, но ние ќе го подготвиме како чорба со црвено вино – јадење идеално за постудените денови.

Состојки

  • 1,5 кромид
  • 6 чешниња лук
  • 1 октопод со средна големина
  • 100мл. црвено вино
  • 3 супени лажици вински оцет
  • ½ конзерва домати
  • Магдонос за гарнир

Ќе ви треба и:

  • Масло за пржење, сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за пржење.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на октоподот ги отстрануваме пипалата и ги сечкаме на парчиња. За овој рецепт ќе ги користиме само пипалата, но може да се зготви речиси секој дел од октоподот, вклучувајќи ги и очите!

Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Исечкајте го кромидот и излупете ги чешнињата лук. И подготвени сте да почнете со готвењето.

Чекор 3: Ги пропржуваме лукот и кромидот во маслиново масло и зачинуваме со сол и бибер – потоа го додаваме октоподот и пржиме кратко пред да ги додадеме доматите, црвеното вино и винскиот оцет. Ја покриваме тавата со капак и готвиме 25 минути додека сосот да се намали и да се згусне.

Чекор 4: Послужете го во длабока чинија со бел леб и декорирајте со малку магдонос.

СОВЕТ: Октоподот се смета за вистинска гозба првенствено поради неговата цена, но постојат одлични рецепти за подготовка на овој морски специјалитет. За дополнителен вкус, додадете малку оригано и ловоров лист.