Испечати

Карпачо од октопод

Карпачо од октопод

Состојки

  • 1,3 кг октопод
  • 1 мала главица кромид
  • 1 морков
  • 1 парче целер
  • 2-3 листа ловор
  • 3-4 каранфилчиња
  • неколку зрна црн бибер
  • 2 лажици јаболкова киселина
  • 1 лажиче сол
  • по потреба вода за варење на октоподот
  • За зачинување
  • исцеден сок од 1 мал лимон
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 рака сецкан магдонос
  • 2 чешниња ситно исецкан лук
  • на врв од лажиче бибер
  • Потребно е и
  • 1 пластично шише од 1,5 л
  • тегла или помало шише (од700 мл) за притискање на октоподот

Подготовка

Карпачо од октопод - јадење направено од сварен октопод, испресиран во цилиндрична форма и исечен на многу тенки парчина. Се служи како ладно предјадење или салата. За да е добиеме таа цилиндрична форма во домашната кујна се користи пластично шише.

Во тенџере се става вода, заленчукот, зачините и се оставаат да зовријат. Откако ќе зовријат се додава октоподот, се покрива со капак и на среден оган се вари околу 50-60 мин да омекне.
Сварениот октопод се вади од водата и се остава малку да излади.
Во меѓувреме шишето се сече малку повеќе од половината и дното се дупчи на 3-4 места со помош на ножици за да излегува течноста што ќе ја пушти октоподот.
Октоподот се сече на 4-5 парчина и се ставаат во шишето. Со помош на тегла или стаклено шише што ќе одговара на отворот на пластичното шише силно се притиска убаво да се набие. Теглата наполнете ја со вода и така над октоподот се остава во фрижидер 12-20 часа да се стегне.
Потоа шишето се сече и се вади октоподот. На даска со остар нож или со помош на машина се сечат парчина од 2-3 мм се редат на поголема чинија и се зачинува со маслото, солта, лимонот кој претходно се мешаат, лукот и магдоносот. Зачините може да се стават и по вкус.