Кандирана кора од портокал
Празниции се ближат. Кај мене веќе домот почна да мириса на убавина. Празниците не може да поминат без мирис на портокал, цимет, анис, кардамом. Јас уживам додека ги правам подготовките, се надевам и вие.
Подготовка:
1. Чувајте ја кората од портокалите во вода 1 ден, во која има додадено сода бикарбона. Mенувајте ја водата два, три пати . Исцедената кора исечкајте ја на кришки или коцки по ваша желба.
2. Во тенџере ставете ја исечената кора од портокал, прелијте ја со вода, па варете додека не зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, исцедете ја водата, прелијте со друга вода и повторно варете. Повторете го ова 5 или 6 пати. По последното варење се става кората во цедалка да отстои, додека се варат шеќерот и водата.
3. Овде јас со нож ја отстранувам цела бела кора, која ја содржи портокалот. По ова готвење кората треба да биде приближно 200 гр. Колку што имате кори, додадете шеќер и вода приближно 1 дл на 100 гр кора. Мојата кора беше 200 гр, па дадов 200 гр шеќер и 2 дл вода. Додека се цеди кората, се става шеќерот (200гр) со вода (2дл) да се свари. Кога малку ќе згусне, додадете ја исцедената кора.
Гответе околу 15 -20 минути.
Соберете во стерилна тегличка и користете ги за колачи, торти, купови. За претстојните празници
Лиценца: Сите права се задржани