Кандирана кора од порокал
- Во сад ставете вода во која ќе растворите 2 лажици сода бикарбона, додадете ги портокалите и оставете да остојат околу 20 мин. Потоа извадете ги, избришете.
- Подгответе ја иглата и вденте конец
- Излупете ги внимателно портокалите, исечете ги корите по должината на ленти не поголеми од 1 см., замотајте во спирала и нанижете ги на конецот. Секоја кора како ќе ја замотате веднаш нижете ја. Конецот треба да ви е цврст или двојно вденат во иглата. Кога ќе завршите заврзете ги краевите, како ѓердан да личи.
- Во касеролата ставете го шеќерот, залијте со вода толку колку да се истиот облие. Нека зоврие, додадете ги корите од порокал на тивок оган околу 15-20 мин. Времетраењето на ова варање зависи од самата дебелина на кората. Додадете го сокот од лимонот и нека вари сега заедно околу 5-6 мин, (повторно ќе напоменам дека зависи од дебелината на кората) ќе внимавате да шербетот биде како за секое слатко.
- Внимателно извадете го конецот, однижете ги, соберете во стерелизирана тегла, затворете со капакот и како што спремате теглите за зимница или ставете во рерна или замотајте во некоја крпа се до потполно оладување.
- Кандираната кора ќе стои долго време во шербетот и кога и да ви затреба - извадете и сецкајте...
- Можете да приготвувате и помала или поголема количина делејки или зголемувајки ги состојките.
Лиценца: Сите права се задржани