Намазот е превкусен и буквално оди со секакво јадење. Може да си го мачкате самостојно на лепче, може да го сервирате во мала количина со главното јадење.  Одлично оди со месо или со риба - изборот е ваш. Италијаните го јадат со свеж леб, го ставаат во тестенини додека се топли или врз парче стек. Нешто како ние што јадеме плескавица со кајмак.

Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат се додека состојките не се соединат убаво. Намазот се чува во мала тегличка во фрижидер иако не верувам дека ќе ви издржи повеќе од еден ден.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови