Италијански намаз од лук и путер
Состојки
- 150 г омекнат путер
- 1 и половина главица чистен лук
- 3 полни лажици пармезан
- 1 лажица павлака
- малку сол
- сушен магдонос по желба
Подготовка
Намазот е превкусен и буквално оди со секакво јадење. Може да си го мачкате самостојно на лепче, може да го сервирате во мала количина со главното јадење. Одлично оди со месо или со риба - изборот е ваш. Италијаните го јадат со свеж леб, го ставаат во тестенини додека се топли или врз парче стек. Нешто како ние што јадеме плескавица со кајмак.
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат се додека состојките не се соединат убаво. Намазот се чува во мала тегличка во фрижидер иако не верувам дека ќе ви издржи повеќе од еден ден.
На здравје.