
16
авг
2012
Полнати домати на италијански начин
Доматите ги засекуваме рамно и потоа ги зарежуваме цик цак. Ги длабиме и внатрешноста ја ставаме во друг сад. Потоа го рендаме сирењето и ги сецкаме маслинките. Ги мешаме заедно внатрешноста и парчињата домати со сирењето и маслинките, додаваме маслиново масло и оригано.
Со вака подготвената смеса ги полниме издлабените домати. Декорираме со листови нане.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови