Испечати

Полнати домати на италијански начин

Полнати домати на италијански начин

Состојки

  • 1кг Домати
  • 200г Козјо сирење
  • 200г Црни маслинки
  • 1 лажичка Оригано
  • 3 лажици Ладно цедено маслиново масло

Подготовка

Доматите ги засекуваме рамно и потоа ги зарежуваме цик цак. Ги длабиме и внатрешноста ја ставаме во друг сад. Потоа го рендаме сирењето и ги сецкаме маслинките. Ги мешаме заедно внатрешноста и парчињата домати со сирењето и маслинките, додаваме маслиново масло и оригано.
Со вака подготвената смеса ги полниме издлабените домати. Декорираме со листови нане.