Зимски ручек
Прв пат го направив овој ручек и сега ќе биде често на нашата трпеза.
Најпрво се сечат компирите на коцки се става масло и сол и се ставаат во ватростално тавче да се печат во загреана релна 20мин.
Додека се печат се прави преливот од супата. Се става во тенџере 800мл вода и 200млеко. Се додава супата од печурки и се вари 10 мин.
Настрана се сецка сланината и кромидот и се истура врз полупечените компири. Потоа се става супата од печурки и се меша со дрвена лажица.(значи кромидот и сланината НЕ се пржат). Ова се печи на 250С-35мин.-додека не се впие скоро половината од течноста.
Настрана се вари во солена вода прокељот 10мин. Се цеди и се пржи во тавче со загреано масло. Се додава сол и бибер и малку презла. Овој ручек потсетува на мусака но во нова верзија. Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%81%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%80