11
окт
2013
Зелена паштета (зимница)
Повеќе варијации има на оваа тема со слични имиња ова е мојот предлог за рецепт од зелена паштета.
Пиперките се мијат, печат и чистат од лушпа, семки, се мелат на машина бр.8 низ сито.
Модрите патлиџани се печат сосе лушпата некои 20-25 мин.готови се кога ќе омекнат отприлика, се лупат и тие се мелат исто така низ машина.
Вака смесата се става во сад да пржи на оган 45 мин.се додаваат (шеќерот, киселината, сол и црн пипер) маслото последно и постепено, од моментот кога ќе го впие цело масло се пржи уште 45 мин.на крај се додаваат магдоносот, лукот и сенфот, се бери врело во врели тегли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Обично модрите патлиџани знаат да залепат на тавата, затоа така ја започнувам оваа пинџур паштета :)
Исто како и се до сега и ова е одлично :)