Испечати

Зелена паштета (зимница)

Зелена паштета (зимница)

Состојки

  • 6кг. зелени ками
  • 6 парчиња црни домати (модри патлиџани)
  • 200гр. шеќер
  • 200гр. винска киселина
  • 1 литар масло, сол, црн пипер
  • 2 главички пасиран лук
  • 5-6 гранчиња сечкан магдонос
  • 3 лажици сенф

Подготовка

Повеќе варијации има на оваа тема со слични имиња ова е мојот предлог за рецепт од зелена паштета.

Пиперките се мијат, печат и чистат од лушпа, семки, се мелат на машина бр.8 низ сито.
Модрите патлиџани се печат сосе лушпата некои 20-25 мин.готови се кога ќе омекнат отприлика, се лупат и тие се мелат исто така низ машина.
Вака смесата се става во сад да пржи на оган 45 мин.се додаваат (шеќерот, киселината, сол и црн пипер) маслото последно и постепено, од моментот кога ќе го впие цело масло се пржи уште 45 мин.на крај се додаваат магдоносот, лукот и сенфот, се бери врело во врели тегли.