16
окт
2012
Закиселени карфиол, брокула и црвена пиперка
Карфиолот и брокулата се разделуват на цветови, се мијат и цедат. Во тенџере се става водата благо-солена да зоврие и се става карфиолот 1 до 2 минутки. Се вади, се остава да се исцеди.
Истата постапка се повторува со брокулата. Потоа во друго тенџере се става оцетот, водата, солта, шеќерот, зачините и конзервансот. Се остава да зоврие. Во тегли го редиме ред карфиол, ред брокула и ред сечена пиперка на кругови и пак по ред.
Наполнетите тегли се преливат со зовриениот прелив. И теглите се затварат со целофан.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови