15
авг
2020
Пилешко бело месо со црвен грав и црвена пиперка
Прво измиениот пилешки стек го сечиме на приближно еднакви коцки.
Ги маринирамне со сол, бибер, зачин, сенф, малку маслиново масло.
Ги оставаме да одстојат 1 час во фрижидер.
Пиперката ја сечиме и неа на коцки.
Гравот од лименка го процедуваме и миеме со млаз ладна вода.
Во тава на делимано ставаме малку масло и го ставаме стекот да се запржи.
Кога ќе биде до пола зготвен ги додаваме и коцките црвена пиперка.
Готвиме уште неколку минути, а при тоа го додаваме и исцедениот грав.
Готвиме да испари потполно течноста, вкусуваме, дотеруваме по вкус и сервираме топол , брз и вкусен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани
Odlicna idea e, koga sme knap so vreme... A treba nesto da Se jade