Најпрво се подготвува 2 дел.
Во подлабок сад се матат јајцата со шеќерот додека шеќерот се стопи и има пенеста маса. Смесата се става во сад на пареа. Привремено се меша додека да згусти и прави `ПАТ`. Се трга настрана.

1 дел.
Во сад на оган се става маргаринот и се топи. Се додава шеќерот, густинот и млекото. Се враќа на оган и се меша да се растопи и изедначи сместа. Се додава чоколадата на коцки и какаото. Се меша постојано додека да згусти. Се трга и се додава 2 дел. Се миксира со миксер додека се добие мазен крем. Се претура во пластично садче или тегла. Се става во фрижидер 5-6 часа или најдобро преку ноќ. Се чува во фрижидер најмногу 5 дена.

Забелешки
- Може да се додаде млечно или чоколадо за готвење и повеќе од 100 гр, а може и бело.
- Јајцата може да се ставаат и живи (но да бидат свежи), ама смесата кога малку ќе остине.
- Со матењето и додавањето на јајцата смесата побелува и добива боја на карамел,па може да се додаде повеќе какао.
- Може да се додаде лешници, ореви, бадеми, кокос што сакате.
- За да има поголем рок, може да се стави долготрајно млеко.
- Излегува околу 1 кг. еурокрем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови