26
сеп
2015
Есенски бакнежи
Тиква и путер од кикиритки-совршена комбинација. Посни, здрави, вкусни топчиња.
Се вари кратко тиквата со мало количество вода. Сварената тиква се пасира и се меша заедно со путерот од кикиритки, медот,ванилата и кокосовото брашно. Доколку смесата е мека се додава уште малку кокосово брашно, а ако е сува путер од кикиритки.
Се формираат топчиња и се ставаат во замрзнувач. Се топи чоколадото на пареа заедно со маслото и се чоколадираат замрзнатите топчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови