Есенски бакнежи
Состојки
- 150гр тиква
- 100гр путер од кикиритки
- 2 лажици органско кокосово брашно
- 2 лажици мед или агаве сируп
- малку екстракт од ванила
- плус
- 100гр чоколадо за готвење
- 2 лажици кокосово масло (или сончогледово масло)
Подготовка
Тиква и путер од кикиритки-совршена комбинација. Посни, здрави, вкусни топчиња.
Се вари кратко тиквата со мало количество вода. Сварената тиква се пасира и се меша заедно со путерот од кикиритки, медот,ванилата и кокосовото брашно. Доколку смесата е мека се додава уште малку кокосово брашно, а ако е сува путер од кикиритки.
Се формираат топчиња и се ставаат во замрзнувач. Се топи чоколадото на пареа заедно со маслото и се чоколадираат замрзнатите топчиња.