Виенски бакнежи
Виенски велат дека биле овие бакнежи. Мојата пријателка Јорданка која се наоѓа во Шпанија вели дека каде и да оди тетратката со рецептите од нејзината мајка ја носи со себе. Е овој е еден од рецептите напишан во нејзината тетратка.
Замесето го тестото од наведените состоји, оставете го сосема кратко да одмори, не мора да чекате да нараснува, додека да ја изработите белката, доволно е .
- Изматете ја белката со шеќерот во цврст снег.
- Поделете го тестото на 3-4 дела, расукајте го во правоаголник во дебелина од околу 3 мм, ставете на средината од белката, посипете со сецканите ореви, замотајте во ролат. Исечете го ролатот на парчиња широки околу 2 см. свртете ги парчињата со пресекот надолу, се така додека потрошите целото тесто.
- Ставете во предходно загреана рерна на 170 степени од околу 20 мин.
- Нека оладат и пред служење посипете со шеќер во прав.
Многу убави овие бакнежи иако се сместени во тесто.
Лиценца: Сите права се задржани
Ne znam kako go propustiv receptot, jas sum gi pravela i se mnogu vkusni
Vi go preporacuvam receptot :)