1.Припрема на пандишпанот како јас го спремав.
Одделете ги белките од жолчките. Со миксер на најголемата бризина малку сматете ги белките. Почнете да додавате шеќер и намалете ја брзината. Не треба да ги сматите во снег. Додадете го брашното во кое сте го измешале пецивото, промешајте и додадете ги жолчките. Матите додека не стане комапктна смеса, излијте во модла бр.22 на која сте ставиле хартија за печење. Печете на 200 степени околу 15- 20 мин. Печена оставете ја уште малку во рерната, извадите и оставете да се олади. Оладена исечете ја на средината да добиете две кори.
2. Припрема за еклери
Во тенџере ставете млекото, шеќерот и маргаринот. Кога ќе проврие за кратко тргнете го од ринглата. Додадете брашното и мешате. Повторно за кратко вратете на ринглата и мешајте додека не се направи како грутка. Повторно тргнете од ригнлата, мешајте ја оваа смеса уште малку и префрлете ја во вангла. Продолжувате да работите со миксерот додавајки едно по едно јајце
. Вака добиената смеса ја ставате во шприц и истискувајте во големина на орев. Треба да добиете 30 парчиња. Печете во предходно загрејана рерна на 200 степени околу 15-20 мин. (зависи од рерната). Исклучете ја рерната, но не ги вадете веднаш еклерите, туку сосема малку отворете ја, нека постојат. Ова е за да останат нараснати.

3. Фил за еклерите
Одвојте од млекото 100 мл. Во преостанатото млеко го додавате шеќерот и ставате да
поврие, а за тоа време во тие 100 мл. млеко додадете ги жолчките и со вилушка изматете ги, додајте го брашното или густинот. Провриеното млеко за кратко тргнете го и во него истурете ги изработените жолчки и мешајте. Вратете го садот на ригнлата и доварете го кремот стално мешајки го. Кога е веќе густо, кремот е готов, тргнете го и дури сега додајте го маргаринот и ванлилата, измешајте и оставете да се излади. Потоа полнете ги еклерите.

4. Завршен крем за прелевање
Павлаката, млекото и шеќерот ставете ги ставате во тенџере и на тивок оган нека се
загрева и не дозволувајте да зовие. Лесно со вилушка или жица изматете ги жолчките и
истурете ги во павлаката и постојано мешајте да не дозволите да проврие или да ви загори. Кога кремот е веќе густ, тргнете го и во него додајте ја ванилата и веќе предходно растворениот желатин. Измешајте.

5. Финиширање на тортата
Во модлата во која го печевте пандишпанот вратете ја првата кора, залејте ја со една црпалка од кремот. Над него поставете ја другата кора и исто така залејте ја со една црпалка од кремот. Врз кремот наредете ги сите еклери, а врз нив излијте го преостанатиот крем.

Вака спреманата торта во модлата треба да одстои најмалку 6 часа, а потоа извадете ја, посипете од страните и на површината од грилијажот кој веќе ви е предходно спремен.

Грилијаж
Стопете го шеќерот во карамел, во него ставете ги оревите и исипете го на мрсна хартија. Кога ќе олади истолчете го или смелете го.
Модлата во која се пече и приготвува тортата е на одкопчување.
Доколку немате таква модла, тогаш во подлабоко плехче или тенџере кое одговара на големината на корите поставете од прозирната фолија и тогаш почнете да ја склопувате тортата. Откако ќе се зацврсти извадете ја заедно со фолијата, тргнете ја и посипете го грилијажот.
Ви посакувам успех и уживање во оваа прекрасна торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови