Еве и јас стигнав до една јубилејна бројка, мојот 100ти рецепт. Се одлучив овој 100ти рецепт да биде мојата роденденска торта.
Од кога станав дел од овој сајт се здобив со нови и ги проширив моите знаења за кулинарството со помош на вас ДРАГИ МОИ.
Исто така не можам да ги заборавам и да не му се заблагодарам на тимот од МоиРецепти, најдобри сте!
А сега да се навратиме на рецептот

Теста
1. Јајцата се разделуваат белките од жолчките, белките се матат со половина од шеќерот, жолчките исто така се матат со другата половина од шеќерот и ванилата.
2. Белките се додаваат на жолчките, брашното се пресејува директно врз садот со јајцата и многу внимателно се промешува со дрвена лажица.
3. Откако ќе се соедини смесата за тестото се става во тавичка со хартија за печење.
4. Се печи на 180 степени при што вратата од рерната не треба да се отвара во првите 7-8 минути.
5. Тестото е готово некаде по 10-12 минути печење.
6. Откако ќе се испече тестото се остава уште 10 минути во тавичката и потоа се вади и се остава настрана.

Тестата се печат едно по едно.

Фил
1. Желатинот се раствора во 50 милитри вода.
2. Слатката павлака се мати во длабок сад.
3. Чоколадото се растопува и се додава на слатката павлака и се соединува.
4. Желатинот се растопува во уште 50 мл. врела вода (ако е потребно се става на оган да се дорастопи желатинот)
5.Желатинот се додава на смесата со чоколадо и слатка павлака.

Профитероли - за рецептот кликни ТУКА

Формирање на тортата
За формирањето на тортата потребен е калап со прстен, чии што ѕидови се прекријани со фолија.
1. На дното се става едното тесто, по желба се премачкува со слатко од јагоди (ако е потребно слаткото се раствора со малку вода).
2. Над тестото се става еден дел од филот, потоа се редат еклерите, над нив се додава повторно од филот, а над него повторно се става тесто, се притиска и процедурата се повторува.
3. Тортата се остава во фрижидер најмалку 5-6 часа.
4. Страните на тортата се покриваат со сецкани ореви.

Ганаш
1. Слатката павлака се става на оган да се загрее и и се додава чоколадото и путерот, се меша додека чоколадото не се растопи целосно.
2. Чоколадниот прелив се остава малку да подолади и потоа се прелива тортата.

Забелешка
-Тортата е со дијаметар 24 цм.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови