Домашно гиро
За да го подготвите ова домашно гиро, треба во вашата релна да има можност за негово печење, онаа шипка што се става на средина и се врти...
Месото одберете да биде помеко, од вратот или од кај ребрата, количината сами одредете ја, во зависност од бројот на луѓето.
Исечете го на помали парчиња и ставете го во смесата направена од изрендан кромид, масло, зачини, лимон... барем два часа, да се маринира.
Потоа, наредете го на шипката и ставете го да се пече. Кога ќе почне еднаш да се зацрвенува, со нож сечете ги испечените делови, па пак ставете го да се пече, се додека не стигнете до крајот.
Служете го со гиро пити, салата, пржени компирчиња, кечап, мајонез... по воља и вкус...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
:))))
на ваков оброк се оди со празен стомак и еден број поголеми фармерки, колку да не мора некултурно да се раскопчуваш пред сите :) :) :) :)
го гледам гирово и единствената работа што ми доаѓа на ум е кога еден другар за време на скара СТОЕШЕ и ЈАДЕШЕ за повеќе да му соберело во стомак :) :) :) :)