Домашна чоколадна алва
Во подлабок сад ставете го маслото, водата и шеќерот и потоа оставете ги да се варат.
Брашното измешајте го со чоколадото во прав, или какаото. Кога шеќерот ќе се стопи и смесата ќе зоврие, додадете го брашното со какаото и полека мешајте. Мешајте неколку минути додека смесата не се изедначи. Додадете ги оревите, или пак останатото јаткасто овошје и тргнете ја смесата од оган.
Кога малку ќе се излади, алвата исечете ја на коцки. Декорирањето го оставаме на вашата фантазија. Пријатен апетит.
Лиценца: Сите права се задржани