Испечати

Домашна чоколадна алва

Домашна чоколадна алва

Состојки

  • 1 филџан за кафе вода
  • 2 филџана масло
  • 6 филџана брашно
  • 6 филџана шеќер
  • 1 филџан какао
  • по желба ореви, брусница, суво гројзе...

Подготовка

Во подлабок сад ставете го маслото, водата и шеќерот и потоа оставете ги да се варат.

Брашното измешајте го со чоколадото во прав, или какаото. Кога шеќерот ќе се стопи и смесата ќе зоврие, додадете го брашното со какаото и полека мешајте. Мешајте неколку минути додека смесата не се изедначи. Додадете ги оревите, или пак останатото јаткасто овошје и тргнете ја смесата од оган.

Кога малку ќе се излади, алвата исечете ја на коцки. Декорирањето го оставаме на вашата фантазија. Пријатен апетит.