Домашен пудинг
Начинот на подготовка, едноставен...
1. Во 4 дл. млеко ги додаваме двата вида на шеќер ( обичниот и ванилниот) и ставаме на оган да зоврие.
Настрана ги матиме кремасто жолчките, го додаваме нишестето и брашното, како и преостанатото млеко, убаво соединуваме ( со миксер на мин. брзина) и го додаваме во зовриеното млеко со постојано мешање, на умерен оган ( не на тивок, за да не ни се направат грутчиња). Кога пудингот ја добива потребната густина, тргаме од оган.
Јас имам навика уште еднаш да му го пуштам миксерот и убаво измиксирам. Оставаме да излади, со повремени промешувања ( со тоа не дозволуваме да се направи коричка на кремот)...
2. Во изладениот пудинг ја вмешуваме (со лажица) претходно изматената слатка павлака.
3. Желето, како што напоменав, јас го направив по втората варијанта...
На одмрзнатите малини (без течноста што ја пуштиле) им го додадов шеќерот и сирупот од слаткото. Ставив на оган да повари од 7-10 мин. Потоа го додадов раствореното нишесте и готвев додека се згусне.
Ако се подготвува со желатин, одмрзнатите малини се покриваат со шеќерот и се варат, 10 мин, им се додава набубрениот желатин (претходно прелиен со 4-5 супени лажици ладна вода), убаво се соединува.
4. Во чашите или садовите по ваш избор, се сипува половина од пудингот. Врз изладениот пудинг се сипува од желето, па другата половина од пудингот. Се остава убаво да излади, па декорираме со шлаг или по желба....
Пријатно ќе ги изненадите домашните, верувајте ми!!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Мило ми е што ви се допаѓа...