Домашен крцкав помфрит
Дома кај нас сите го сакаме помфритот, не се готви често, ама кога ќе биде на трпезата тогаш се сите среќни. Ова е начин како тој да ви биде крцкав, секако ако тоа го посакувате.
Компирите исечете ги најпрво на кругови, а потоа на стапчиња. Измијте ги па исушете ги со некоја кујнска крпа. (пацета по нашки )
Маслото загрејте го на не многу јака температура (кај мене од максимум 12, загревам на 7)
Ставете ги компирите да се пржат 8-9 мин. Извадете ги од маслото на книжна салфета да се исцедат.
За тоа време засилете ја температурата на ринглата на максимум. Кога ќе се загрее маслото, вратете ги компирите да се допржат уште 2-3 мин. Одма ќе се забележи дека стануваат крцкави.
Можете така да ги јадете, а можете и одозгора со рендано сиренце.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Prva prilika moram da probam
еден мој другар имаше кафана и вака правеа помфтит. прво го пржеа, како тебе, па го смрзнуваа така полупржен, па после кога ќе дојдеше време за да се извади, смрзнат во фритеза и ептен беше крцкав :)
Niki obicno ne mi jadese pomfrit a ovoj go saka