Домашен бурек со месо
Од состојките за тесто замесете средно меко нелепливо тесто.
Тестото поделете го на 4 дела и формирајте топчиња. Секое топче премачкајте го со масло и оставете ги да отстојат 10 минути.
Од секое топче со сукало развлечете мала кора колку една мала плитка чинија.
Малите кори ставете ги во чинии премачкани со масло и секоја кора премачкајте ја убаво со масло и оставете ги да отстојат 20 минути.
На убаво намрсната површина со раце развлечете ја првата кора, колку што може потенко. Исечете ги подебелите краеви и здиплете ја во форма на круг.
Развлечете ја втората кора и на средина ставете ја здиплената прва кора. Нанесете од филот само на здиплената кора и преку нејзе префрлете ги краевите од втората кора, за убаво да се затвори бурекот.
Вака здиплениот бурек тргнете го настрана и развлечете ја третата кора. Во средина на неа ставете го дотогаш свитканиот бурек и врз него ставете од филот. Краевите на развлечената кора префрлете ги пак преку филот и оставете го настарана. Повторете ја постапката и со четвратата кора.
Од исечените краеви од секоја кора формирајте топче и од него развлечете уште една кора како слој на самиот бурек.
Печете на 200 степени, додека убаво порумени( околу 30 минути).
Фил
Во тава со малку масло пропржете го кромидот и додајте го меленото месо.
Наросете црн бибер и мешан зачин , малку вода и оставете да се пропржи додека месото ја смени бојата. Не пржете го многу, за да при печењето не стане суво.
Наместо месо може да се употреби други состојки...спанаќ, сирење, блитва....по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
А твојот изгледа како од бурекџилница!
Никако да се наканам да растегнам..и мене се ми се чини дека нема да успеам.Пестопаста тогаш ме охрабри да ја направам усуканата масленица,па се престрашив,ама ај може и ова ќе биде.
Inaku fala na drugite odgovori i bravo za tebe i za tvojot burek mnogu ubavo izgleda na slikata a sigurno e mnogu vkusen, sega ke vidime i mojot kakov e :)