![Густа зеленчукова супа со куркума (посно)](https://moirecepti.mk/content/uploads/2015/03/supasokurkuma1220493-cb7496-800x450.jpg)
13
мар
2015
Густа зеленчукова супа со куркума (посно)
Целиот зеленчук го ставам во лонец да се свари, најчесто во експрес лонец.
Сварените брокула, кромид и праз ги ставам во блендер да се сомелат. Морковот и компирот ги сечкам на ситни парченца. Ги враќам во супата и продолжувам на ниска температура да ја варам неколку минути заедно со куркумата, мешаниот ситно мелен сув зачин и говедскиот бујон.
За посна варијанта на крај го додавам маслиновото масло, ако се постите на масло.
Лиценца: Сите права се задржани