Густа зеленчукова супа со куркума (посно)
Состојки
- 2-3 моркова
- 1 главица брокула
- 1 главица кромид
- 1 компир
- 1 страк праз
- 2-3 лажици мешавина од крупно сушен мешан зачин
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажица куркума
- 1 лажичка бибер
- 1/2 лажичка лук во прав
- 200 мл говедски бујон за мрсна варијанта
- 2 лажици маслиново масло за посна верзија
- 1,2 л вода
Подготовка
Целиот зеленчук го ставам во лонец да се свари, најчесто во експрес лонец.
Сварените брокула, кромид и праз ги ставам во блендер да се сомелат. Морковот и компирот ги сечкам на ситни парченца. Ги враќам во супата и продолжувам на ниска температура да ја варам неколку минути заедно со куркумата, мешаниот ситно мелен сув зачин и говедскиот бујон.
За посна варијанта на крај го додавам маслиновото масло, ако се постите на масло.