Подготовка
Јунешкото месо го ставаме во длабоко тенџере. Кимот го толчиме и заедно со буковецот и солта го додаваме во месото. Во месото ги додаваме бабурата и кромидот ситно сецкани.
Во помало теџере ја сипуваме супата, ситниот лук и доматот да вријат и потоа ја сипуваме врз гулашот. Целата смеса се вари околу три до четири часа додека месото не омекне. Со лажица соберете ја маста од површината.
Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода и на висока температура, 2-3 пати промешувајќи, варете додека сосот да згусне, 10 до 15 минути. Одозгора наросете го магдоносот и сервирајте со тестенини или со пире.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани