Гулаш со макарони
Состојки
- 500гр јунешко месо
- 1 лажичка ким
- 1 лажица буковец
- 2 главици кромид
- 1 мала црвена бабура
- 1 домат
- 500мл говедска супа од коцка
- 3 чешниња лук
- 1 лажица пченкарно брашно и две лажици вода
- прстофат сол и малку магданос
- 500гр макарони
Подготовка
Подготовка
Јунешкото месо го ставаме во длабоко тенџере. Кимот го толчиме и заедно со буковецот и солта го додаваме во месото. Во месото ги додаваме бабурата и кромидот ситно сецкани.
Во помало теџере ја сипуваме супата, ситниот лук и доматот да вријат и потоа ја сипуваме врз гулашот. Целата смеса се вари околу три до четири часа додека месото не омекне. Со лажица соберете ја маста од површината.
Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода и на висока температура, 2-3 пати промешувајќи, варете додека сосот да згусне, 10 до 15 минути. Одозгора наросете го магдоносот и сервирајте со тестенини или со пире.
Добар апетит!!!