Гурабии со узо
Рецептот го најдов на еден сајт, па ајде си реков да ги направам и не згрешив. Излегоа супер вкусни.
Маргаринот се мати со шеќерот, па се додава узото помешано со пецивото, јајцето, жолчката и се мати да се спојат состојките. На крај се додават оревите и постепено се додава брашното. Се меси тврдо тесто, се прават топчиња со големина на орев, се редат на плех обложен со хартија и се печат околу 20 минути на 150 степени.
Треба да останат бели. Топли се валкат во шеќер во прав помешан со ванила. Во оригиналниот рецепт се става 250 гр маргарин и 250 гр маст, но не сум многу обожавател на маста, па затоа ја заменив со маргарин. При печењето се шири прекрасен мирис на узо. Па кој е за нека повели
Лиценца: Сите права се задржани