Испечати

Гурабии со узо

Гурабии со узо

Состојки

  • 400 гр маргарин
  • 1 цело јајце
  • 1 жолчка
  • 250 гр шеќер
  • 1 пециво
  • 1 мала чашка узо
  • 1 кг брашно
  • 250 гр сецкани ореви
  • за посип
  • 200 гр шеќер во прав
  • 2 ванили

Подготовка

Рецептот го најдов на еден сајт,  па ајде си реков да ги направам и не згрешив. Излегоа супер вкусни.

Маргаринот се мати со шеќерот, па се додава узото помешано со пецивото, јајцето, жолчката и се мати да се спојат состојките. На крај се додават оревите и постепено се додава брашното. Се меси тврдо тесто, се прават топчиња со големина на орев, се редат на плех обложен со хартија и се печат околу 20 минути на 150 степени.
Треба да останат бели. Топли се валкат во шеќер во прав помешан со ванила. Во оригиналниот рецепт се става 250 гр маргарин и 250 гр маст, но не сум многу обожавател на маста, па затоа ја заменив со маргарин. При печењето се шири прекрасен мирис на узо. Па кој е за нека повели