Вкусни домашни переци
Задоволството беше мое кога ги послужив овие вкусни, меки и мирисни переци, зошто насмевките и среќните лица, како и позитивните коментари од моите најмили се радоста што ме исполнува откако ќе зготвам некој нов рецепт.
Подготовка
1. Млекото го загреваме да биде млако, па во него го раствораме квасецот, шеќерот, го ставаме омекнатиот путер, една шоља брашно и мешаме да добиеме хомогена смеса.
2. Во брашното ја ставаме солта и замесуваме средно меко тесто од сите состојки. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
3. Рерната ја вклучуваме на 200 степени. Тавчињата ги обложуваме со хартија за печење или ако користите делимано тави ги премачкуваме само со некоја капка масло.
4. На оган загреваме до вриење вода, ја тргаме на страна и во неа ставаме сода бикарбона.
5. Тестото го размесуваме и го удираме неколку пати од работната површина за да излезе целиот воздух од него. Го делиме на околу 18-20 парчиња.
6. Секое парче го развлекуваме во тенка трака отприлика околу 80 см. која ја ставаме во водата со сода, кратко неколку секунди. Ја вадиме и формираме перек.
7. Ги посипуваме со крупна сол или зачини по вкус и ги печеме до поцрвенување или околу 8-12 минути. Откако ќе се испечат ги премачкуваме со растопен путер.
Забелешка
По рецептот кој го правев мерев во шољи, ама како ми требаше повеќе брашно, кое го мерев колку ќе ми отиде во шољите, ви пишав колку јас сум потрошила. Затоа калкулирајте со брашното, сепак зависи и од него, колку течност ќе прими.
Водата со содата бикарбона не мора да врие кога ќе го ставате тестото, доволно е само да ја потопите прачката од тесто во жешката вода.
Шољата е од околу 150 мл.
Путерот што го ставаме во тестото треба да ни е претходно оставен на собна температура.
Послужете ги со чаша јогурт !
Лиценца: Сите права се задржани