
27
јул
2012
Лесни переци
Го замесуваме квасецот со шеќерот, лажица брашно и малку млака вода и оставаме да запени.
Брашното го промесуваме со солта, па го додаваме надојдениот квесец и остатокот вода и замесуваме мазно тесто.
Го премачкуваме со малку масло и оставаме да надојде.
Кинеме тесто во величина на тениска топка, правиме перек и редиме на намастен плех.
Премачкуваме со изматено јајце, посипуваме по вкус со крупна сол, мак, сусам или сув кромид и оставаме повторно да надојдат.
Печеме на 200 степени додека поруменат.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани