Сладок велигденски козињак со локум
Традиционално кај нас на Велигденската трпеза, задолжителен е и Велигденскиот козињак.
Козињакот е многу убав и се дели на слоеви како памук, или како што уште велиме на конци. По овој рецепт го подготвувам козињакот околу 18 години. Се надевам ќе ви се допадне.
1. Двете шољи млеко се зовриваат со двете шољи шеќер и ванилата (за да се стопи шеќерот) и се остава да олади, да биди топло-таман за месење. Ова се прави прво, пред да се зафати квасецот, за да има време да излади течноста.
2. Во длабок сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го зафаќаме квасецот. Во надојдениот, активираниот квасец ги додаваме маслото, јајцата ( кои сме ги разматиле со вилушка), пецивото, прстофат сол, ако ставаме зачин-махлеб и тој, (јас некогаш ставам, понекогаш не) и замесуваме со топлата течност. Овде да напоменам - млекото треба да биде топло кон млако, зошто ако е многу топло козињакот ќе добие темна боја.
Маслото не трпи многу топло и ќе даде некоја темна нијанса на тестото.
Се меси добро, подолго време, додека стане тестото сјајно и се одделува од рацете. Откако ќе се замеси тестото во садот, го вадиме на работната маса и таму убаво го месиме. Покриваме со намрсена најлонска фолија (јас додавам уште покривки) и оставаме на топло место да стаса тестото, да го удвои волуменот. Бидејќи содржи поголема количина на шеќер, стасувањето е побавно.
3. Потоа го размесуваме и формираме плетенките, на тој начин што не го премесуваме, туку го вадиме од садот и со расплескување со намрсени раце на намрсена подлога го отвораме, ја додаваме кората од лимон и сувото грозје (претходно попарено и убаво исушено со памучна крпа) и делиме на 4 дела.Од секој дел по 3 топчиња и плетиме на вообичаен начин. По желба можи да се стават филови, јас ставив сецкан локум. Ставаме во намрсен плех со маргарин.
4.Чекаме повторно да надојдат плетенките,(покриени) најмалку 30 мин., а вчера јас ги чекав 45 мин. Се зависи од топлината во просторијата.
5. Пред печење ги премачкуваме со жолчка.
6. Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа од почеток на 200 Ц. степени,околу 10-на мин., дури да добие боја козињакот, покриваме со алу фолија и намалуваме на 160 степени и продолжуваме, а вкупно време на печење околу 1 час и 15 минути. 7.10 - на мин. пред крајот го откриваме и премачкуваме со шербетчето, кое го сваривме од шеќерот, водичка колку да го покрива и ванилата. Го допекуваме.
8. По вадење од рерна плетенките ги премачкуваме со маргарин. Покриваме со платнена крпа и најлон.Така да отстоуи 10-15 мин., во плехот, а потоа го вадиме целосно исто така завиткан до потполно изладување.
*Бидејки мерката во рецептов е со шољи, да напоменам дека треба да се добие убаво меко тесто, мазно, сјајно, глатко - кое сепак нема да е до толку да биде лепливо на раце, туку убаво да се работи, лесно, па према тоа по потреба додадете или одземете на течност т.е. млеко.
А, на дополнителните фотографии ќе видите како изгледа кога ќе се скрши, тие конци...
На здравје и за многу години да ни биде Велигден!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Uste da napomenam, sega dodeka go citav receptot mi tekna ....Soljata so mleko i seker ja polnam do gorniot del od rackata, a masloto malku pomalku, pod nea, so masloto vo site recepti koga se vo prasanje vakvi merki so solji ili fildzani go praktikuvam toa... Toa e toa koga ne se precizno dadeni merkite vo ml. ili gramovi.Ne mi teknalo tocno da gi izmeram, no ke bide eden den...
Убава презентација.
Ti blagodaram na doverbata!!!
Pozz...