Од состојките се прави тесто и се остава да дојде околу 1 час.
Тестото се дели на 30-32 колачиња. Од секое колаче со помош на рака направете кругови (ѓеврек).
Во тенџере на оган ставте ги 3-те лажици шеќер и растопете ги, додајте ја водата и оставте да се растопи шеќерот. Откако ќе ре растопи варете ги ѓевреците во тенџерето 30 секунди од една страна 30 секунди од другата страна.
Сварените ѓевреци посипете ги со сусам од двете страни и ставте ги на плех за печење претходно намачкан со зејтин. Печете додека да добиете златно-кафеава боја откако ќе ги испечете оставте ги да зорат околу 10-15 мин.Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани