Од водата, зејтинот, шеќерот, солта, квасецот и брашно по потреба се замесува тесто кое се покрива со кујнска крпа и се остава да надојд.е. Потоа се размесува тестото на топчиња кои се развлекуват во вид на спирали на кои едниот и другиот крај се соединува се притиска со прстите за да не може да се отвори. Така готовите ѓевреци се остават уште 10 минути да попојдат.
За тоа време се става вода во тенџере да врие и се зема секој ѓеврек, се топи набрзина од едната и другата страна во врелада вода која уште вари и потоа во се валка во сусамот од едната и другата страна. Се редат на плек намрсен со масло или на хартија за печење.
Од ова смеса излегува околу 15 ѓеврека зависи од големината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови