Брускети Фрути ди маре
Парчињата леб нанесете ги во плех обложен со хартија и ставете ги во шпорет на 180 степени додека се стврднат како брускети.
Во меѓувреме во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее и додајте го сецканото младо кромидче и лукот да се пропржат.
Потоа додајте ги сецканите морскте плодови.
Посолете, наросете мелен црн бибер, покријте ја тавата со капак и оставете ги малку да се подинстат во водата што ке ја пуштат, а потоа налејте го виното и додајте го сецканиот магдонос.
Покријте ја тавата со капак и оставте да се динстаат на тивок оган.
Пред крај на готвењето додајте ја доматната салса и оставте ја тавата на оган уште 2-3 минути.
На секое парче леб нанесете од смесата и додајте одозгора сецкани перца од млад кромид.
Со чаша вино ќе имате преубава вечера, барем оние кои ја сакаат морската храна.
Кога ги извадив морските плодови од замрзнувач имав намера да правам рижото, ама имав застоен леб па си ги приготвив вака на едноставен и брз начин.
Лиценца: Сите права се задржани