19
апр
2014
Паста Фрути ди маре
Ставете ги шпагетите да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги морските плодови.
Потоа додајте го и белото вино.
Оставете малку да покрчкат со виното, а потоа додајте ја доматната салса, шери доматите исечени на половинки и сецканото лукче.
Посолете, наросете црн бибер и ако има потреба додајте малку од водата во која се варат шпагетите.
Оставете да се готви на тивок оган додека доматите и морските плодови омекнат.
На крај додајте ги сварените шпагети и малку магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани
SREKEN PRAZNIK VELIGDEN