Се матат белките со шеќерот, му се додаваат останатите состојки и се печат корите една по една на 150 степени.
Важно е да останат бели, да не се препекуваат.

Фил
200мл млеко се меша со 100гр остро брашно и 100 гр скробно брашно, додека настрана 800мл млеко се става на оган заедно со 1 бело чоколадо, 200гр бронхи карамели и 2 ванили.
Откако ќе зоврие млекото му се додава брашното со млекото и се вари густ крем. Се остава да се излади. Белите кори се премачкуваат со 170гр стопено чоколадо, со 3 лаж.масло и 70гр маргарин и се оставаат да се стегне чоколадото.
300мл слатка павлака се бие настрана, исто и 150гр маргарин, додека 1 кесичка желатин се остава да кисне во 50мл вода. Откако кремот ќе се излади му се додава маргаринот изматен, слатката павлака изматена и искиснатиот желатин.
Третина од филот се дели и му се додава 70гр стопено чоколадо.

Се филова тортата по следниот редослед
бела кора, чоколадна глазура, бел фил, црно тесто, црн фил, бело тесто, чоколадна глазура, бел фил и се остава во фрижидер да се стегне малку,  па се полева со завршна чоко глазура (230гр чоколадо,9 лажици масло и 2 лажици мед.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови