Брзи Винчини бомбици
Превкусни бомбици кои многу лесно се прават и не треба многу време да одвоите за да ги подготвите.
Најпрво наполитанките од лешник од Винчини ги мелеме во блендер. Исто така и лешниците на истиот начин ги мелеме, ама доколку сакате можете и да ги исецката и така се убави. Јас во овој случај ги мелев во блендер заради тоа што ми беа за детски роденден и сакав да се поситни за дечињата.
Откако ќе ги измешаме мелените наполитанки и лешниците, додаваме неколку лажици крем Алми од Винчини, мешаме со лажица додека не добиеме убава хомогена смеса.
Потоа почнуваме со правење бомбици. Сигурно ќе ви се лепи смесата на рацете, јас секогаш малку ги влажнам со вода, така полесно се прават убави бомбици.
Откако ќе се готови ги ставаме во замрзнувач да се стврднат убаво, заради тоа што на тој начин многу подобро подоцна може да се прелијат со топено чоколадо.
После половина час, еден час, зависно кога се здрвени, ја растопуваме чоколадата на оган со неколку лажици масло. Се' уште замрзнатите бомбици ги ставаме во растопеното чоколадо. Јас секогаш ги ставам на хартија за печење да се подисцеди чоколадото и така полесно се вадат.
По некоја минутка ги ставив во украсни хартиени корпи, и од горе ги декорирав со разнобојни панделчиња, од фондан кои ги направив ден два претходно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови