Брза јафа торта без печење
Ви требаат само 15на минути да спремите една малечка торта без печење. Скоро и воопшто да не сте потрошиле ни време, ни напор, а сте добиле една многу вкусна и брза тортичка.
Доколку сакате да ја правите во поголем калап зголемете ја дозата.
1. Со жица измешајте ги павлаката, шеќерот и млекото, па во нив додадете ги бисквитите и ресаните.
Јас ја запазив грамажата, и соодосот ресани, т.е. кај мене јафа и бисквити беше пола – пола.
2. Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр 21.
3. Ставете ги сите состојки за филот и со миксер миксирајте додека не се добие солидна цврстина.
4. Премачкајте врз основата.
5. Ставете го калапот во фрижидер да се стегни, па потоа сечете ја на посакуваните парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
стил:
брзо,
вкусно,
едноставно ...
Супер тортичка :)