Испечати

Брза јафа торта без печење

Брза јафа торта без печење

Состојки

  • Основа
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 300 гр кршени бисквити
  • 200 гр сечкани јафа или ресана колачиња
  • Фил
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 пакетче прашок за шлаг крем од ванила

Подготовка

Ви требаат само 15на минути да спремите една малечка торта без печење. Скоро и воопшто да не сте потрошиле ни време, ни напор, а сте добиле една многу вкусна и брза тортичка.
Доколку сакате да ја правите во поголем калап зголемете ја дозата.

1. Со жица измешајте ги павлаката, шеќерот и млекото, па во нив додадете ги бисквитите и ресаните.
Јас ја запазив грамажата, и соодосот ресани, т.е. кај мене јафа и бисквити беше пола – пола.

2. Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр 21.

3. Ставете ги сите состојки за филот и со миксер миксирајте додека не се добие солидна цврстина.

4. Премачкајте врз основата.

5. Ставете го калапот во фрижидер да се стегни, па потоа сечете ја на посакуваните парчиња.