Брза торта со банани (без печење)
Прво 2 банани се миксираат и во нив се додаваат бисквитите претходно натопени со стопен маргарин. Се додава шеќерот во прав и оревите и повторно се меша со миксер.
Добиената смеса се става во плекче обложено со најлонска фолија и се оформува кора.
Врз кората се посипува 2-3 лажици нчоколадо во прав, па се редат бананите исечени на половинки во круг.
Врз бананите повторно се посипува чоколадо во прав, а одозгора се става изматен шлаг.
Се декорира со рендано бело чоколадо и половинки ресани.
За да ја направите оваа торта ќе ви биде потребно не повеќе од 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани