
Брза салата со свежа краставица и павлака
Брза и вкусна салата во моето семејство една од омилените. Не одзема многу време може да се подготвува преку целата година.
Подготовка.
Краставицата, печеницата, кашкавалот и шунката ги сецкаме на коцки. Лукчето го сечкаме или го стискаме на преса. Сите состојки ги саваме во сад и мешаме, на нив им ја додаваме павлаката и мајонезот. Додавајќи ја павлаката убаво мешаме, доколку сакате салатата да биде посочна тогаш додате павлака по желба т.е сами одредете си ја густината.
Лиценца: Сите права се задржани
Cestitki!