Јаболките се лупат, им се вадат семките и се вдлабнуваат во средината. Во широка тава ја ставаме водата, шеќерот, ванилата и циметот да зовријат, па се додаваат јаболките и се варат по 5 мин од двете страни. Се вадат и се оставаат да се изладат.
Во мелените ореви се додава шлагот и се меша да се добие фил за полнење на јаболките. Од течноста каде што се вареле јаболките се одвојуваат 200 мл и се додаваат 5 лажици шеќер и се вари 7-8 мин да се добие шербет. Изладените јаболки се полнат со филот и се украсуваат со шлаг и фил па се полеваат со шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови