Рецептот за овој десерт ми е од мојата мајка. Иако е таа по месените работи, некојпат знае да изненади со некој традиционален рецепт кој го подготвува на свој начин. Таков е и овој, туфахии со крем сервирани во чаша.

Подготовка
Јаболката се лупат, се длабат за да им се извади семката и се прелеваат со вода, па се ставаат на оган. Може и на дното да ставите само вода, ама да ги превртувате повремено, а тие да се варат од пареата што ќе се создава. Се вријат на тивко додека да омекнат.
Се вари шербетот кратко и во него се ставаат оревите и циметот. Со оваа смеса ги полниме јаболката.
За кремот го зовриваме млекото и го ставаме густинот кој со шеќерот сме ги промешале во малку млеко, што сме го одвоиле претходно. Кога ќе згусне го тргаме на страна и го ладиме. Шлагот го подготвуваме по упатството на кесичката.
Редиме во чаша јаболко полнето со фил од ореви, па крем и на крај шлаг во кој сме нарендале малку чоколадо. Декорираме со слатко од смокви.
Уживајте во лесниов десерт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани